Светот е преполн со чудни луѓе и тоа понекогаш може да биде навистина шокантно. Дејвид Чарлс (23) од Индијанаполис, украл човечки мозоци од поранешна ментална институција.
Да, добро прочитавте, но тоа не е се. Тој се обидел и да ги продаде преку „Е-бај“ за Ноќта на вештерките.
Чарлс како провалник влегол во Медицинскиот историски музеј во Индијана и украл тегли со човечки мозоци и други видови ткива. Музејот инаку некогаш бил психијатриска болница.
Крвавиот отпечаток на прст на хартија во музејот помогнал на полицајците да го пронајдат Чарл. Полцијата кај него пронашла 80 тегли со човечки ткива според судските документи.
Тој украл и други работи, како на пример вага за бебе, ЕКГ машина и 10 медицински микроскопи.
Осуден е на година дена домашен придтвор. Дејвид, инаку, се обидел сето ова да го продаде на интернет за 600 долари.