Крадците ги обожаваат летото и одморите: Еве како да се заштитите!

Сподели со своите пријатели

Започна сезоната на одмори, всушност, сезоната на лов за крадците, затоа што статистиката покажува дека за време на летните одмори има 30 проценти повеќе провалувања во становите.

Loading...

Затоа на вас е да ја заштитите вашата куќа или стан од крадци пред да патувате, со што се намалува можноста за кражба.

 

 

Без стакло

– Првата и најважната работа за која треба да размислите е квалитетна влезна врата. Покрај обезбедување соодветна безбедност, предните врати кажуваат многу за вас. Затоа, изберете ги внимателно и не штедете на нив.

– Полицијата ги советува граѓаните да не поставуваат брава со испакнат цилиндер, што е најлесно да се пробие.

– Исто така, при купување влезна врата, избегнувајте ги оние со стакло, бидејќи, колку и да изгледа убаво, тие можат да бидат и „покана“ за злосторниците. Стаклото лесно може да каже дали некој е дома или не.

Loading...

Надворешни ролетни

– Ако живеете на приземје или на долните катови, не заборавајте да инсталирате надворешни ролетни или шипки на прозорците, кои не мора да изгледаат како оние од затворот.

Во продавниците може да се најдат убави шипки од ковано железо, а постојат и безбедносни окови со точки за заклучување долж целиот прозорец.

 

 

Нека станот или куќата не изгледаат празни

Постојат голем број на мали трикови што можат да остават впечаток дека сте во станот дури и кога не сте. Еден од најдобрите совети е секогаш да ги оставате завесите или ролетните кренати, како и да побарате од доверливи луѓе да дојдат и да го проверат станот барем еднаш во ваше отсуство и да ги вклучите светлата или да ги отворите прозорците.

Исто така е важно да бидете во добри односи со соседите, оставајќи им телефонски броеви каде што можат да ве побараат во случај на потреба.

Не објавувајте дека сте на патување

Денес, многу луѓе објавуваат повеќе информации на социјалните мрежи отколку што треба, а информациите преку интернет за одење на одмор се една од оние излишни работи.

Loading...

Имајте на ум дека повеќето работи што ги објавуваме на интернет се јавни и достапни за широк спектар на луѓе, иако понекогаш не ни се чини така.

Ако сте на пат неколку недели, замолете некој ваш пријател да го испразни вашето поштенско сандаче или да подигне пошта што може да остане пред влезната врата. Инаку, ова е јасен знак дека не сте дома долго време и можете да дадете зелено светло на потенцијалните провалници.