Ковачевски: Владата и компаниите мора да покажат единство за заштита на граѓаните

Сподели со своите пријатели

Претседателот на владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски и министерот за економија, Крешник Бектеши денеска ја посетија компанијата за производство на јајца „Везе Шари“.

Loading...

За време на посетата, со сопственикот на компанијата Арбен Абдурахмани разговараа за предизвиците кои ги наметна економско-енергетската криза, па затоа повеќе од потребно е да се покаже единство во донесувањето на мерки и решенија, за доброто на иднината на сите граѓани.

Во продолжение ви ја пренесуваме, изјавата на премиерот Ковачевски:

„ Денеска со министерот за економија Бектеши сме во посета на компанијата „Везе Шари“ и на почетокот би сакал да му се заблагодарам на господинот Арбен за гостопримството.

Изминатиов период Владата е насочена кон стабилизирање на цените на основните прехранбени производи и еднаквост за сите е основата на моето работење, затоа Владата што ја предводам делува на повеќе нивоа.

Свесен за сите предизвици, наметнати од економската и енергетската криза, се залагам за солидарност и праведност, водејќи грижа во тешката криза никој да не биде изоставен сам да се справува со неа.

Во разговор со вработените во компанијата „Везе Шари“, како и со почитуваниот господин Арбен, заклучивме дека мора да покажеме единство, за доброто на државата и за доброто на граѓаните во оваа криза. Последно во низата замрзнувања на цените на основните прехранбени производи се јајцата од кокошка.

Со ова, Владата оневозможува зголемување на цената на овие производи пред велигденските празници и пред празникот Бајрам.

Loading...

Изминативе денови ме гледавте со министерот Бектеши, често во обиколка на маркетите, на терен заедно со директорот на државниот пазарен инспекторат, но истовремено и сите инспектори кои се дел од ДПИ се на терен за да точно утврдат дали мерките се почитуваат од страна на сите кои се дел од пазарот и продажбата на основните прехранбени производи.

Можеме да заклучиме дека имаме редовно снабдување на целата малопродажба со сите основни прехранбени производи и дека во најголем се почитуваат мерките за ограничување на цените на основните прехранбени производи.

Вие веќе знаете дека ја замрзнавме цената на лебот, замрзнавме цена на дел од тестенините при што и ја намаливме и ја замрзнавме и намаливме цената на дел од основните производи од млечната индустрија.

За заштита на граѓаните донесовме одлука која ги обврзува малопродавачите минимум 70% од набавките кои што ги имале во текот на јануари и февруари во делот на снабдувањето со јајца од кокошка да ги имаат и во периодот кога цените се замрзнати што значи до 30 април.

Ова е направено од причина што во нашата држава во моментов има најниска на јајцата, некаде 0,14 евроценти, додека цената на истиот производ во околните држави е најмалку 0.20 евроценти.

Ова се конкретни мерки во кои нема недоречености и мора да се почитуваат. На терен досега инспекторатот има направено 500 контроли од инспекторските служби и тие ќе продолжат и во текот на наредните денови.

Пред да се донесат антикризните мерки, деноноќно имав консултации со МЕ, во кои беа вклучени експерти, работодавачи, здруженија, претставници на Стопанските комори во земјата, производителите како што е и директорот на овој огромен производствен капацитет и целта ми беше како Влада никого да не оставаме сам да се справува со последиците од оваа криза.

Со мерките кои ги донесовме во текот на 2022 година, а ги продолживме во 2023 година, околу 750 милиони евра, насочивме кон граѓаните и кон задржување на ликвидноста на компании.

Loading...

Јас повеќе пати имам кажано кој било град или село во нашата држава да поминете да го посетите во државата скоро секаде ќе наидете на табла дека некој проект е реализиран со средства од ИПАРД програмата од ЕУ. За нас е многу важно што сето тоа го гледаме заедно со нашите пријатели од меѓународната заедница, ја добиваме нивната поддршка кон градење на економски силна и профитабилна земја, конкурентна на меѓународните пазари.

Едно такво позитивно искуство има и „Везе Шари“, кои преку оваа програма имаат инвестирано во модернизација на опремата за производство, како и за изградба на современ земјоделско – сточарски комплекс.

Компанијата Везе Шари го има финансирано најголемиот проект во државата заедно со ИПАРД програмата во зголемување и осовременување на нивното производство.

Драго ми е што не само како држава туку и многу компании во земјава го поддржуваат Европскиот Зелен Договор за одржлива економија кој подразбира претворање на климатските и еколошки предизвици во можности и придобивки за државата и за граѓаните.

За поздравување е навистина домаќинското и иновативноста и визијата преточена во својата подружница ЕЛЕКТРО ШАРИ која е првата биогасна централа во Република Северна Македонија која произведува 1MW/h и исто така тие имаат и фотоволтаична централа од 250 мегавати што значи дека се навистина голем производител и на електрична енергија со што го подобруваат и енергетскиот биланс на земјата, а во најголем дел ги снабдуваат своите потреби со електрична енергија од свое сопствено производство.

Одговорна Влада, има сила, има одговорност и умее како да интервенира кога треба. Сето тоа го правиме за квалитетен живот на нашите граѓани и заштита на компаниите.

Да се заблагодарам на гостопримството во оваа навистина голема компанија.

Благодарснот за трудот, посветеноста и на соработката која ја имаме во текот на сите овие кризни месеци и навистина се покажа дека и стопанството и Владата заедно со граѓаните можеме да ја пребродиме оваа економска и енергетска криза.

Loading...

И на крајот да излеземе како победници и со зголемени пензии, зголемени плати и зголемено производство на електрична енергија и со намалени и замрзнати цени во маркетите за да не се случува дисбаланс на пазарот.

Сите информации за економско-енергетската криза во Македонија, регионот и светот можете да ги прочитате ТУКА.