Општинската организација на СДСМ Куманово од вчера ги отвори вратите на општинските месни штабови, со претходно именување на шефови на осумтте региони кои ќе го покриваат просторот на општина Куманово, а во пресрет на предвремените избори во април, соопшти денес Мартин Костовски, шеф на Општинскиот изборен штаб, а воедно и претседател на ОО на СДСМ Куманово.
-
Со одлуката за избор на шеф на Општинскиот изборен штаб, од вчера пристапивме кон отворање на општинските месни штабови, со агенда првин да отвориме неколку точки во централното градско подрачје, а по завршување на Божикните празници, да продолжиме со отварање на нови штабови, со најава за интензивна кампања во текот на јануари се до денот на избори, изјави Костовски.