Во пресрет на предвремените парламентарни избори кои ќе се одржат на 24-ти април 2016 година, Општинската организација на СДСМ од Куманово го избра раководството на изборните штабови.
За претседател на Општинскиот изборен штаб е избран Мартин Костовски, актуелен претседател на ОО на СДСМ Куманово.
За претседател на Регионалниот изборен штаб е назначен Александар Арсиќ, актуелен координатор на советничката група на СДСМ во Советот на Општина Куманово.
Во рамките на регионалниот штаб за втората изборна единица, освен општина Куманово, влегуваат и општините: Старо Нагоричане, Липково, Арачиново, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров, Шуто Оризари, Чаир и Чучер Сандево.
На парламентарните избори од оваа изборна единица се избираат дваесет пратеници за Собранието на Македонија,а вкупниот број на гласачи во оваа изборна единица според последните избори е 278.674.