Косовскиот амбасадор во посета на Општина Куманово (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски денеска оствари протоколарна средба со новоназначениот амбасадор на Република Косово, Флоријан Ќехаја.

Loading...

На средбата се разговараше за одржување и интензивирање на соработката и поддршка во спроведување на активности кои се од интерес на двете држави.

 

 

„Заедно со амбасадорот Ќехаја заклучивме дека односите помеѓу двете држави се на високо ниво, кое треба да се одржува преку соработка со поголем интензитет, отворен дијалог со меѓусебна поддршка и напорна работа, со цел успешно да се спроведат активности во сите општествени сфери”, истакна градоначалникот Димитриевски.

 

Loading...

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  23-годишник од Куманово физички го нападнал својот татко

Димитриевски на средбата упати искрена поддршка за успешно исполнување на работната обврска на косовскиот амбасадор во нашата земја.