Кошаркарите на Куманово во рамктие на 13. коло од домашниот шампионат денеска на домашен терен го пречекуваат составот на АВ Охрид.
Од досега одиграните натпревари, КК Куманово бележи седум победи и пет порази и моментално се наоѓа на петтата позиција од табелата, додека составот на АВ Охрид има шест порази и исто толку победи со што го зазема седмото место од табелата.
По минатонеделниот пораз за кошаркарите на Александар Петровиќ од составот на Работнички кој ја прекина низата од пет последователни победи, „сино-белите“ ќе се борат за враќање на победничките патеки.
Натпреварот започнува од 17 часот во Спортската сала Куманово.