Коронавирусот го зголеми бројот на корисниците на Скајп за 70 отсто

Сподели со своите пријатели

Бројот на луѓе кои ја користат апликацијата за видео повици на Мајкрософт, Скајп се зголеми за 70 проценти во изминатиот месец и достигна 40 милиони бидејќи луѓето поминуваат повеќе време дома поради пандемијата на коронавирусот, објави во понеделникот „Мајкрософт“.

Loading...

Минутите на разговор преку Скајп се зголемија за 220 проценти од пред еден месец, објави компанијата на својот блог.

Наскоро сами ќе можете да го подесите квалитетот на видеата на Јутуб

Мајкрософт додава дека од 21 април го ребрендира својот популарен пакет Office 365 на Microsoft 365 со нови функции, вклучително и апликација за семејство, што помага во управувањето со времето поминато пред екранот.

Вредноста на акциите во компаниите за видео комуникации како што се Zoom Video Communications и неколку компании во секторот за видео игри се зголеми во последниве денови, бидејќи милиони се очекува да поминат недели, ако не и месеци, изолирани во нивните домови.

Вистината за тоа дали 5G мрежата го предизвика коронавирусот (ВИДЕО)

„Мајкрософт“ додаде и нови функции во апликацијата „Microsoft Teams“, која ја користат повеќе од 44 милиони луѓе секој ден, промовирајќи ја употребата на таа апликација за разговор на работното место меѓу семејството и пријателите.

Leave a Reply