КОНТРОВЕРЗНА АУКЦИЈА: Без понуди за сликите на Адолф Хитлер

Сподели со своите пријатели

Пет акварели за кои се смета дека во младоста ги насликал подоцнежниот нацистички диктатор Адолф Хитлер не биле продадени на аукцијата во Нирбнерг.

Loading...

Продажбата не се случила веројатно поради сомнежот дека станува збор за фалсификати, јавува АП.

Списанието „Nirnberger nahrihten“ објави дека не пристигнала ниту една понуда за сликите, чии почетни цени се движеа од 19.000 до 45.000 евра.

Три дена пред саботната аукција, во аукциската куќа во град на југот на Германија запленети се 63 слики, кои исто така му се препишуваат на Хитлер, поради сомнение дека тој не е нивниот автор.

АП наведува дека според проценките Хитлер во младоста, пред Првата светска војна, во време кога неуспешно се обидувал да се пробие како сликар, насликал околу 2.000 дела.

Leave a Reply