Компанијата Санофи се откажа од развој на лек за рак на дојка

Сподели со своите пријатели

Француската компанија Санофи објави дека ќе стави крај на развојната програма на amcenestrant, деградатор на естроген рецептори наменет за лекување на рак на дојка.

Loading...

Овој потег врши поголем притисок врз Санофи да ја оживее својата стапка на успех во развојот на лекови, откако заостана во трката за развој на вакцина против Ковид-19.

„Ова беше водечки лек во подготовоката и важен за онкологијата“, напиша аналитичарот Џо Волтон.

Санофи рече дека лекот, кој бил користен во комбинација со агенс познат како палбоциклиб во студијата, „не ги исполнувал однапред одредените критериуми за продолжување во споредба со контролната група“ и препорачал прекин на испитувањето.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Што ја очекува Европа ова лето, по рекордниот топлата пролет?

„Сите други студии за амценестрант, вклучително и за рак на дојка во рана фаза, ќе бидат прекинати“, рече Санофи.

Amcenestrant припаѓа на класа на лекови познати како селективни деградатори на естроген рецептори (SERDs) за борба против туморите кои растат како одговор на естрогенот, кој се проценува дека сочинува до 80 проценти од сите карциноми на дојка.

Можноста на пазарот за орални апчиња SERD привлече голем број производители на лекови.

Ривалите на Санофи, вклучувајќи ги Рош и АстраЗенека, работат на слични апчиња.

Loading...