Компанијата Мета доби рекордна казна за кршење на правилата на ЕУ

Сподели со своите пријатели

Мета е казнета со 390 милиони евра за прекршување на правилата на ЕУ за лични податоци, соопшти ирската Комисија за заштита на податоци (DPC), тврдејќи дека Мета незаконски барала дозвола да користи лични податоци за рекламирање на Фејсбук и Инстаграм.

Loading...

Со оглед на тоа што Фејсбук и Инстаграм имаат европски седишта во Ирска, DPC има водечка улога во усогласувањето со законите на ЕУ за заштита на податоците.

Компанијата Мета, која ги поседува платформите Фејсбук и Инстаграм, има рок од три месеци да го промени начинот на кој ги прима и користи податоците за таргетирани реклами, јавува Би-Би-Си.

Од централата на компанијата одговорија дека се „разочарани“ од Метаа и имаат намера да поднесат жалба, нагласувајќи дека одлуката на DPC не го спречува персонализираното рекламирање на платформите.

Европскиот регулатор рече дека Фејсбук и Инстаграм не можат да ги принудат своите корисници да се согласат под закана дека ќе бидат забранети од платформите.

Организациите за заштита на приватноста ја гледаат оваа одлука како голема победа бидејќи Мета ќе мора да им даде на корисниците вистински избор за тоа како нивните лични податоци ќе се користат за насочено онлајн рекламирање.