Утринската рутина и малите навики кои ги имаме се многу поважни за остатокот од денот отколку што многумина мислат.
Честопати слушаме дека би било добро да се стане малку порано, а потоа да се одвои време за себе и да се ужива во здрав и хранлив појадок, но и да се испие пијалок кој ќе го разбуди организмот.
Најчесто, луѓето посегнуваат по кафе, но исто така и кон многу „ин“ пијалоци како што е вода со лимон, а еве што мислат експертите за тоа.
Она што дефинитивно треба да го направите е да се напиете чаша вода, дури и ако не сте жедни или ако не сте љубител на пиење течности наутро. Тоа е она што на вашето тело најмногу му треба за да се рехидрира по ноќниот сон, тврди нутриционистката Вики Шанта Ретелни.
Кога станува збор за не толку здрави пијалоци, многу експерти се согласија за една работа – не следете ги трендовите! Еден од оние што не го препорачуваат е додавање путер или кокосово масло во кафето.
Иако поборниците на кето диетата ја практикуваат оваа навика, диететичарот др. Раш рече дека тоа дефинитивно не е здраво. „Покрај тоа, ниту едно истражување не докажа дека тоа е начин полесно да ослабете“.
Нутриционистката Карен Ансел за HuffPost изјавила дека во никој случај не препорачува денот да се започне со благ, високо преработен пијалок како сок. Можеби ќе добиете наплив на енергија, но тоа ќе трае кратко – многу брзо ќе се почувствувате уморно.
Друга работа со која не се согласуваат е пиење енергетски пијалоци наутро. „Многу енергетски пијалоци содржат многу кофеин во себе, па затоа, ако испиете еден наутро, треба да бидете исклучително внимателни во однос на внесувањето кофеин во текот на остатокот од денот“, рече нутриционистката Ејми Горин.
Водата со лимон е многу популарна во последно време. Обично се пие топла, на празен стомак, но експертите велат дека нема никакви „магични“ својства или дејства. Ако некој не може да се натера да се напие обична вода, може да додаде малку лимон.
Она со што не можете да погрешите е чајот. Нутриционистот Тоби Смитсон пие чај секој ден од детството бидејќи страда од дијабетес, а многу истражувања покажаа дека пиењето чај може да го излечи или барем да го ублажи.
„Се чини дека полифенолите во чајот влијаат на активноста на инсулин, а други придобивки вклучуваат подобрена чувствителност на инсулин, одржување здрав крвен притисок, намалување на ризикот од срцеви заболувања и намалување на ризикот од развој на дијабетес тип 2“, рече тој.
Најдобар избор е зелениот чај бидејќи има многу антиоксиданти.
Кафето е сепак омилен пијалок за многумина, а како што тврдат нутриционистите, тоа е добар избор.
„Ако сакате нешто што помага при одење во тоалет наутро, оваа рутина прави чуда за мене: прво пијам чаша вода, а потоа и шолја кафе“, вели Франкени.
Она на што треба да внимавате е количината на кофеин која ја внесувате во текот на денот. Слободно посегнете по кафе кога имате многу обврски во текот на денот, а не сте наспани доволно.