Колку долго може да стои отворено шишето вино?

Сподели со своите пријатели

Се случува понекогаш да отвориме вино и да не ја затвориме флашата. Првата реакција, секако, да го ставиме во фрижидер, но што мислат експертите?

Loading...

– Секогаш кога ќе отворите вино, вие инвестирате нешто и би требало тоа шише да го „завршите“ во текот на ноќта. Кога ќе испиете, да кажеме половина шише, вие имате еден зголемен воздушен „џеб“. Со текот на времето, кога виното е во допир со премногу воздух, феноли (компоненти кои го определуваат вкусот на виното) ќе се распаднат и вкусот ќе стане значително полош, вели Колин Лили, од винаријата „Андрети“ во Калифорнија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Како да го победите попладневниот замор без користење кофеин?

Дали е во ред шишето да биде отворено ден или два?

– Не, така фрлате пари. Начнатото вино ќе продолжи да пропаѓа се побрзо, како времено минува. Кога ќе отворите шише вино, најдобро е да го испиете во наредните шест часа, советува тој.

Што подолго стои виното, по само едно отворање, повеќе се менува вкусот. Оксидацијата го прави своето, но не на добар начин.

По 24 часа, вкусот значително е променет. Иако виното и натаму е безбедно, во смисол дека нема да ви го расипе стомакот, нема толку да уживате во следната чаша.

По два или три дена, вкусот се менува толку што станува непријатен.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Дуња - Богата со витамини и помага да го подобрите здравјето

За да овој процес го успорите, погрижете се шишето да го затворите со оргинална пампура и ставете го во фрижидер, пишува „Хафингтон пост“.

Loading...

Иако, кога ќе се земе се предвид просто завршете го тоа шише истата вечер.