Колку денес би чинел нов модел на легендарното „Застава 101“?

Сподели со своите пријатели

Застава 101, популарно позната како Стојадинец, се произведуваше во Крагуевац од 1971 до 2008 година, а беше базиран на тогашниот технички многу модерен Fiat 128.

Loading...

Еве неколку интересни информации за оваа сега веќе класика на југословенската автомобилска индустрија.

Застава 101, популарно позната како Стојадин, се произведуваше во Крагуевац од 1971 до 2008 година, а беше базирана на тогашниот технички многу модерен Fiat 128, со малку изменет заден дел и беше еден од првите автомобили произведени во денешната доминантна хечбек варијанта.

 

 

Пет врати беа реткост во тоа време, а Застава 101, покрај дизајнерскиот пробив, беше привлечен за купувачите и поради пристапната цена.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Поранешна руска шпионка открива: „Заведував цели, а во КГБ нè учат на овие тајни техники“

Овој модел брзо стана најпродаваното возило на Застава во поранешна Југославија, а поради пристапната цена постигна значителен извозен успех, пред се во источноевропските земји, но и во целиот свет.

Loading...

Фејсбук страницата „Застава 101 форум“ објави клип од магазинот АВТО објавен во далечната 1972 година, практично на самиот почеток на продажбата на овој модел, во кој се наведува дека тогашната цена била 40.040 динари, односно 2.084 долари.

 

 

Кога ќе се земе предвид инфлацијата за претходните речиси 50 години, се доаѓа до бројката дека денес Застава 101 би чинела точно 15.191 долар или 14.085 евра.