Колку често мажите и жените размислуваат за се*с? Еве што вели истражувањето!

Сподели со своите пријатели

Државниот универзитет во Охајо спроведе истражување за тоа колку нивните студенти размислуваат за секс, храна и спиење.

Loading...

Во 2011 година истражувањето е спроведено на 283 студенти. Им давале копчиња да притискаат секој пат кога ќе им текне една од тие три мисли.

Бројките објавени во списанието „Journal of Sex Research“ покажуваат дека мажите размислуваат за секс речиси двојно повеќе од жените.

Откриено е дека мажите размислуваат за секс во просек 19 пати на ден, додека жените го прават тоа во просек 10 пати на ден.

Жените размислуваат за храна на секои 62 минути, а за спиење на секои 72 минути.

Од друга страна, мажите размислуваат за храна на секои 38 минути, а за спиење на секои 33 минути.

Така, иако мажите почесто размислувале за секс, тие почесто размислувале и за храна и спиење од жените.

Повеќето испитаници зборуваат за својот сексуален живот со другите

Во малку поновото истражување, OnePoll ги објави резултатите од студијата во соработка со Pure Romance во 2019 година, во која беа анкетирани 2.000 сексуално активни возрасни Американци за тоа колку често зборуваат за секс.

Loading...

67 отсто од возрасните изјавиле дека им е удобно да го споделуваат својот сексуален живот со други, додека 29 отсто рекле дека им е „многу удобно“.

Најголем дел од испитаниците зборувале за својот сексуален живот со партнерот (61%), потоа нивниот најдобар пријател (60%), пријателите (40%), колегите од работа (28%) и цимерите (26%).