Радио Слободна Европа (РСЕ) ги објави минималните и просечните плати и потрошувачката кошничка во Србија, Босна и Херцеговина, Македонија и Црна Гора.
Овие податоци се изразени во евра.
Во Македонија потрошувачката кошничка во август 2022 година изнесувала 840 евра. Минималната плата била 293 евра, а просечната 520.
Тие бројки се малку поинакви во Србија, каде потрошувачката кошничка во август годинава изнесува 753 евра, додека минималната плата е 281 евро, додека просечната 642 евра.
Потрошувачката кошничка во Црна Гора во септември изнесувала 781 евро. Минималната плата била 450 евра, а просечната плата 718.
Во Босна и Херцеговина во август годинава потрошувачката кошничка изнесува 1.455 евра, додека минималната и просечната плата 271, односно 571 евро.
View this post on Instagram
Сите информации за економско-енергетската криза во Македонија, регионот и светот можете да ги прочитате ТУКА.