Кока-кола најавува отпуштања во Германија

Сподели со своите пријатели

Кока-Кола планира да отпушти 410 работници во Германија, објави германската филијала на американскиот прехранбен гигант.

Loading...

Компанијата планира до крајот на годината да ја затвори фабриката во Хам, Северна Рајна Вестфалија, во која моментално се вработени 82 работници.

Половина од работните места во фабриката ќе бидат затворени, а другите работници, како што се консултанти за продажба, ќе останат во регионот, но ќе бидат преместени на други локации.

 

Шанел ја ограничува продажбата на своите производи на Русите во странство

 

Повеќето од работниците кои ги полнат автоматите и ги сервисираат ќе добијат отказ, а моментално работат низ цела Германија и организациски се распоредени на одредени локации.

Досега Coca-Cola полнеше и сервисираше автомати во Германија, а во иднина овие работни места ќе им ги препушти на подизведувачите.

Loading...

Компанијата во вторникот соопшти дека ќе се обиде да ги отпушти работниците „под најприфатливи социјални услови, врз основа на новиот колективен договор“.

 

Борељ: ЕУ продолжува да ја вооружува Украина, не сакаме да загуби од Русија

 

Синдикатот на вработени во храна, пијалаци и угостителство (НГГ) е разочаран од одлуката на компанијата.

„Ова е тажен ден во тешки времиња за работниците на Кока-Кола“, рече синдикалецот Фреди Аџан.

„Заедно со работничките совети ќе работиме на изнесување алтернативни предлози и осмислување општествено прифатливи решенија со цел да се ублажат последиците од овие драстични планови“, додаде Аџан.