Борељ: ЕУ продолжува да ја вооружува Украина, не сакаме да загуби од Русија

Сподели со своите пријатели

Европската унија не сака Украина да загуби во конфликтот со Русија и затоа ќе продолжи да ја вооружува, изјави денеска шефот на ЕУ, Џузепе Борел.

Loading...

– Во овој парламент ми рекоа дека е неопходно што поскоро да се прекине конфликтот, за што е неопходно да се прекине со вооружувањето на Украина. Но, ако сето тоа заврши во уништена и поразена земја со милиони бегалци и илјадници мртви, тогаш не го сакаме тоа. Затоа, мора да продолжиме да ја вооружуваме Украина – рече Борел, обраќајќи им се на пратениците на пленарната седница на Европскиот парламент во Стразбур, пренесува РИА Новости.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Путин: Русија не планира инвазија на Европа, тоа е целосна глупост

 

ЕУ порано или подоцна ќе мора да се откаже од рускиот гас

 

Борељ, исто така, рече дека милијардата евра што ЕУ ги издвои за финансирање воена помош за украинската армија „не е толку значајна сума, ако се земе предвид колку ЕУ троши дневно за купување гориво во Руската Федерација“.