Кој стои зад обидот за државен удар во Германија?

Сподели со своите пријатели

Германската полиција го објави идентитетот на луѓето кои стојат зад „Движењето Граѓаните на Рајхот“, кое е означено како терористичка организација која планирала државен удар.

Loading...

Покрај поранешниот пратеник на десничарската партија АфД и судија од Берлин, од полицијата велат дека организацијата ја поддржувал и руски државјанин.

Оваа организација наводно планирала да упадне во Бундестагот, а тие имале спремни кадри да ги стават на чело на државата.

Во голема акција полицијата утринава извршила 130 претреси.

Како што пренесуваат германските медиуми, на чело на „Движењето на граѓаните на Рајхот“ е принцот Хајнрих XIII, кој живее во Франкфурт, по кој сѐ уште се трага.

Како лидер на организацијата се споменува и поранешната претставничка на АфД, Биргит Малсак-Винкеман.

Според портпаролката на државниот обвинител, 3.000 полицајци се распоредени во единаесет сојузни држави низ целата земја.

Извршени се над 130 претреси, уапсени се 25 лица, од кои 22 поддржувачи, а тројца од нив наводно ја поддржувале организацијата.

Loading...

Еден од уапсените е рускиот државјанин Виталија Б.

Според државниот обвинител, од ноември 2021 година групата се подготвувала да го собори општествениот систем во Германија, а исто така се залагала за насилство и убиства.

Некои од членовите служеле и во Бундесверот, а бил направен обид да се регрутираат војници и полицајци.

Во летото 2022 година се одржале четири средби во Баден-Виртемберг.

Кои се принцот и поранешната пратеничка?

Во минатото принцот Хајнрих привлекуваше внимание со антисемитски изјави во „Граѓаните на движењето на Рајхот“.

Тој во своите говори тврдеше дека Германија не е суверена држава и дека еврејската елита поттикнува војни бидејќи тоа им користи, пренесува Нова.рс.

Во текот на летото тој беше присутен на инцидентот во Бад Лобенштајн кога локалниот градоначалник нападна новинар.

Портпаролот на куќата Ројс, чиј дел е принцот Хајнрих, потоа се огради од принцот нарекувајќи го „збунет старец“.

Loading...

Еден од осомничените Виталија Б. е руски државјанин. Се вели дека таа му помогнала на принцот посредувајќи меѓу него и претставници на Русија, бидејќи принцот сакал да преговара со Кремљ, пренесува zdf.de.

Што е тоа „Граѓаните на движењето на Рајхот“?

Тоа е етикета за неколку екстремно десничарски групи и поединци во Германија кои го отфрлаат легитимитетот на модерната германска држава во корист на Рајхот, кој постоел од 1871 до 1918 година.

Тие тврдат дека германскиот Рајх продолжува да постои во границите од пред Втората светска војна и е управуван од „Привремената влада на Рајхот“.

Повеќето од нивните аргументи се засноваат на селективно читање на одлуката на Сојузниот уставен суд од 1973 година во врска со Основниот договор меѓу Западна и Источна Германија од 1972 година.

Едно верување на движењето е дека Сојузна Република Германија не е вистинска суверена држава, туку корпорација создадена од сојузничките нации по Втората светска војна.