Кој е Радослав Варџиски – предлог заменик министер за дигитална трансформација?

Сподели со своите пријатели

Радослав Варџиски е роден на 1987 година во Куманово. Дипломирал на економскиот факултет при Европскиот универзитет во Скопје, на отсек Маркетинг менаџмент во 2009 година, а магистрира на истиот отсек во 2012 година. Има завршено Академија за графички дизајн во 2005 година, како и Академија за веб дизајн во 2012 година, по што активно работи на проекти во доменот на графички и веб дизајн.

Loading...

Од Октомври 2016 работи како Раководител на сектор за веб развој во интернационална маркетинг агенција специјализирана за дигитален маркетинг, продукција и веб развој во Скопје, а подоцна и како оперативен менаџер на канцелариите во Скопје, креирајќи комуникациски стратегии, стратегии за дигитално рекламирање, развој на веб апликации и интернет продавници, како и други проекти за повеќе реномирани компании на домашниот пазар и пазарот во САД. Во Октомври 2019 започнува со работа како Советник за меѓуопштинска и меѓугранична соработка во Општина Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: Сите сплотени да продолжиме да чекориме по патот на нашите револуционери

Во Февруари 2021 станува раководител на Одделение за поддршка на градоначалник, а од Јуни 2023 е унапреден во раководител на Сектор за поддршка на градоначалник и Совет на Општина Куманово, информирање, односи со јавноста и ИТ.

Во 2020 година е ангажиран како предавач во приватна научна установа на ИТ програма – Master in Digital Marketing, каде што покриваше повеќе предмети.
Во текот на кариерата активно работи како независен консултант и експерт за развој на маркетинг стратегии, управување со дигитални канали на комуникација, рекламни кампањи и односи со јавност, за повеќе локални, регионални и глобални брендови. Одлично говори Англиски јазик.

Во делот на компјутерски вештини има познавање од Microsoft Office Suite, Adobe Master Collection Suite (Adobe Certified Expert in PS, AI, Ac, ID), HTML, CSS, PHP, SEMrush, Ahrefs, MOZ, Google Marketing Platform, WordPress, Mailchimp и други.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Утре без струја поголем дел од Куманово и околината