Одвреме-навреме на социјалните мрежи се шират мозочни закачки, тестови, проблеми со домашните задачи… кои ги забавуваат луѓето или ги тераат да се караат, но сепак ги тераат да ги „разбрануваат намотките“.
Последна во низата загатки кои ги интересираат луѓето на социјалните мрежи е оваа – имате паркинг, на кој се наоѓаат броевите 16, 06, 68, 88, потоа паркиран автомобил и бројот 98. Задачата е да се утврди кој број е под автомобилот.
Како што пишуваат светските медиуми, оваа загатка често се среќава на приемните тестови за ученици во прво одделение од основните училишта во Хонг Конг, а за да се дојде до решение ќе треба да размислите „надвор од кутијата“.
Веднаш да ви кажеме, никакво броење или пресметување нема да ви помогне. Целиот трик е да ја свртите сликата наопаку, а потоа ќе ја добиете следната серија на броеви: 86, паркиран автомобил, 88, 89, 90, 91. Сега решението е лесно разбирливо – под автомобилот е бројот 87 .