На овој ден рано наутро пред изгрејсонце, домаќинките ги бојадисуваат првите велигденски јајца. Најпрво каснуваат малку леб, се вртат кон исток, се прекрстуваат и ги бојат првите три црвени јајца.
Првото јајце, божјаче, откако ке се бојадиса се остава да го „фатат“ првите зраци од сонцето, а потоа се будат децата и со него на лицето им се прави „Црвено-бело“.
Божјарчето се чува цела година, до наредниот Велики Четврток, и само ова јајце не скапува!
Останатите јаца се бојадисуваат во различни бои и на различни начини, а еве кои се значењата на боите на велигденските јајца:
Црна – вечност
Жолта – светло, среќа
Црвена – божествена љубов, надеж
Кафена – среќа
Бела – чистота, невиност
Портокалова – издржливост и сила
Зелена – раст
Виолетова – надеж и вистина
Сина – здравје.