Кои функционери ќе присуствуваат на парадата во Москва?

Сподели со своите пријатели

Руските медиуми го објавија списокот на лидери на земјите што ќе присуствуваат на Парадата на победата во Москва на 9 мај.

Loading...

Имено, 19 земји ја потврдија својата намера да ја посетат Москва со цел да учествуваат на парадата во чест на 80-годишнината од победата.

 

 

Меѓу имињата на листата се претседателот на Народна Република Кина Си Џинпинг, премиерот на Словачка Роберт Фицо и претседателот на Србија Александар Вучиќ, но и претседателот на Република Српска Милорад Додик.

Покрај нив, планирано е присуство и на претседателите на Бразил и Буркина Фасо, Луиз Игнасио Лула да Силва и Ибрахим Траоре, лидерите на Венецуела и Виетнам, Николас Мадуро и То Лам, и претседателот на Куба, Мигел Дијаз Канел, пишува РБК.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Бран руски напади врз Украина, загина едно девојче