Книжено рандеву со писателката Александра Илиева вечерва во Куманово

Сподели со своите пријатели

Љубителите на убавиот пишан збор вечерва во Центарот за култра „Трајко Прокопиев“ во Куманово од 20 часот ќе можат да се дружат со писателката Александра Илиева.

Loading...

Станува збор за настан во рамките на проектот „Во фокус“ кој го организира Книжевен клуб Куманово.0

– Ве покануваме на едно интересно книжевно рандеву каде ќе се запознаеме со Александра и нејзиното творештво, а и ќе дискутираме на најразлични теми, велат од клубот.

Модератори на настанот ќе бидат Андријана Ѓорѓевска и Андреј Анѓеловиќ.

 

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Тито во Куманово ги посетил повредените од земјотресот во 1963

„Во фокус” претставува циклус настани кои се организирани од страна на Книжевен клуб – Куманово, во кои ќе има гостувања на повеќе македонски автори.

Loading...

– Со авторите ќе дискутираме за нивната книжевна дејност како и за нивните гледишта, критики и ставови на одредени тематики. Разговорите ќе бидат базирани на психолошки, филозофски или културолошки аспект и позиција на човекот како поединец во општествена заедница, појаснуваат од клубот.

Никола Ивановски