Во градинката ”Бубамара” денес се одржа хепенинг забава, насловена како ”Мини забава за мини матуранти”, манифестација која ќе биде одржана на ниво на сите објекти од Јавната установа ”Aнгел Шајче”.
[huge_it_gallery id=”61″]
Целта на забавата е испраќање на 67 деца од големите групи во прво одделение со новата учебна година, вели Лидија Јаневска, одговорен воспитувач во објектот ”Бубамара”.
– Со денешниот хепенинг сакаме да се збогуваме со дечињата од големите групи кои во септември ќе тргнат на училиште и продолжување со летни активности во сите објекти. На денешната забава учествуваат деца од групите со деца над тригодишна возраст, вели Јаневска.
Идните првачиња од мешан етнички состав денес добија и дипломи и книги, како потврда за нивниот успешен престој во оваа воспитно – образовна средина, додава Јаневска.
Пред нивното заминување, во кругот на градинката беа засадени дрвја, како спомен на една генерација, а за идните првачиња беше резервирана торта и хелиумски балони, со што, градинката им посака успех во понатамошно школување и уште еднаш ја потенцираше важноста за воспитување на децата во мултиетнички дух како столб за успешно развивање на децата и рушење на сите предрасуди базирани на етничка основа.