Климатски активисти се залепија на писта на аеродромот во Келн, ги откажаа летовите

Сподели со своите пријатели

Еден од најголемите германски аеродроми ги прекина сите летови откако климатски активисти се залепија на пистата.

Loading...

Аеродромот Келн-Бон соопшти дека утринава пристап до аеродромот добиле „неовластени лица“.

Најмалку четири дојдовни летови се пренасочени кон блиските аеродроми во Дизелдорф и Хановер, јавува Би-Би-Си.

Десетици летови кои заминуваа од аеродромот во Келн беа одложени или откажани.

Групата Last Generation соопшти дека пет луѓе се залепени на пистата.

Групата рече дека „слични мирни, граѓански протести на аеродромите“ се планирани низ Европа и Северна Америка.

Инаку, Келн-Бон е шестиот најфреквентен аеродром во Германија – по Хамбург, Дизелдорф, Берлин Бранденбург, Минхен и Франкфурт.

Во мај, аеродромот во Минхен беше принуден да затвори два часа откако шест демонстранти за климата се залепија на пистата.

Loading...

Осум лица беа уапсени, но прекинот доведе до пренасочување на 11 летови, а околу 60 откажани, изјави портпаролот на аеродромот.

После тоа, германската министерка за внатрешни работи Ненси Фезер изјави дека безбедносните мерки на аеродромот во Минхен „ќе се преиспитаат“.