Кличко: Три лица се повредени во ракетниот напад врз Киев

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на Киев Виталиј Кличко денеска соопшти дека три лица, меѓу кои и едно 14-годишно девојче, се повредени во руското ракетирање во главниот град.

Loading...

„Досега две лица се спасени од оштетена приватна куќа. Лекарите им укажале прва помош на лице место и ги пренеле во ургентниот центар. Спасувачите продолжуваат со акцијата за пребарување и спасување. Остатоците од ракети оштетиле и автомобил на една од централните улици“, напиша Кличко на Телеграм.

Тој додава дека според прелиминарните информации од силите за воздушна одбрана, над Киев биле уништени 16 проектили.

Кличко, исто така, на Телеграм напиша дека главниот град може да доживее прекин на електричната енергија и ги повика жителите да ги наполнат своите уреди и снабдувањето со вода.

Украина извести за нов бран руски ракетни напади, а рано утринава се слушнаа експлозии во Киев, Лавов, Одеса, како и во регионот Житомир на северот на Украина, пренесува ТАС С.

Градоначалниците на Киев, Лавов и Харков пријавиле експлозии во нивните градови, пренесоа украинските медиуми.

Соопштено е дека околу 08:20 часот по локално време се случила силна експлозија во северозападниот дел на Киев.

Градоначалникот на Харков, Игор Терехов, објави дека руски ракети го погодиле градот и предизвикале серија експлозии, пренесува Ројтерс.

Loading...

Тој додава дека надлежните појаснуваат дали има жртви.

Сите украински региони од утрово се во состојба на готовност поради ракетни напади.

Претходно беше прогласена тревога за воздушен напад на целата територија на Украина.

Украинските медиуми вечерва јавија за експлозии во Днепар, Никопол, Сума и Харков.

Советникот на претседателот на Украина, Михаил Подољак денеска соопшти дека Украина и критичната инфраструктура на земјата биле погодени од 120 ракети истрелани од руските сили синоќа.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.