КК Куманово во лавовска борба поразен од МЗТ Скопје

Сподели со своите пријатели

Актуелниот првак МЗТ Скопје вечерва во Куманово славеше победа со 107 – 102 по едно продолжение во, можеби, најквалитетниот натпревар во домашното првенство во последната деценија.

Loading...

Во регуларниот дел од средбата резултатот беше израмнет на 88:88, благодарејќи на поените на Марко Симоновски, кој го погоди противничкиот кош во последната секунда. Судиите долго време се премислуваа околу тоа дали е кошот регуларен, бидејќи се доби впечаток дека официјалниот часовник не беше активиран навремено.

Најефикасен поединец на оваа средба беше Бранислав Џекиќ со 23 коша, додека во победничката екипа со 21 поен се истакна Сеад Шеховиќ.

Наредниот дуел од серијата подобар од три, ќе се игра во „Јане Сандански“ во Скопје.

 

Leave a Reply