Кошаркарите на Куманово утре го пречекуваат составот на Вардар во рамките на 5то коло од домашниот шампионат.
Loading...
Избраниците на тренерот Александар Петровиќ влегуваат како фаворити во мечот, а со желба да впишат нови победи во табелата.
Од досега одиграните средби Куманово бележи две победи и два порази, со што е на средината во табелата.
Натпреварот ќе се одигра утре со почеток во 19 часот во Спортската сала на СОУ „Перо Наков“.