КК Куманово утре го пречекува Шкупи

Сподели со своите пријатели

Кошаркарите на Куманово 2009 утре на домашен терен го пречекуваат Шкупи во рамките на 5. коло од Втората кошаркарска лига на Македонија.

Loading...

Тимот на Димитријевиќ го очекува многу тежок натпревар со оглед дека Шкупи досега има само еден пораз од почетокот на сезоната, а кумановци се уште немаат впишано ниту една победа.

Средбата се игра од 18:00 часот во спортската сала на СОУ „Перо Наков“.

Никола Ивановски