КК Куманово утре го пречекува ФМП

Сподели со своите пријатели

Кошаркарите на Куманово утре го пречекуваат составот на Академија ФМП во 9то коло од домашниот шампионат.

Loading...

Двата тима делат ист број на бодови, односно од досегашните осум натпревари имаат само две победи и се во второт дел од табелата.

Во меѓувреме Куманово го напуштија Јан Ризман и Колин Смит, но се очекува празнината да се обиде да ја пополни Дарил Стротер кој дресот на Чаир ќе го замени со кумановскиот.

Дали ќе настапи на утрешниот меч не е познато.

Средбата започнува во 19 часот во спортската сала на СОУ „Перо Наков“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  „Дедо Мраз на мотор“ ја внесе новогодишната магија во Куманово (ФОТО)

Никола Ивановски