Во спортската сала во Куманово, вечерва прва победа за еден македонски кошаркарски клуб оствари КК Куманово со победата над КТП Баскет од Финска.
[huge_it_gallery id=”219″]
Изабраниците на Љубисав Луковиќ со 88:78 го совладаа финскиот противник и на тој начин ја обезбедија првата победа во новоформираниот ФИБА Европски куп.
Кумановските кошаркари не дозволија ниту еднаш да изгубат предност во поените, па така на полувремето водеа со резултат од 49:29.
[huge_it_gallery id=”220″]
Најефикасен во КК Куманово беше Костовски со пет скокови и шест асистенции, односно со освоени 25 поени, Веднаш зад него со 24 поени е Луковичќ кој оствари 10 скока.
Противничката екипа за најдобар играч вечерва може да се пофали со Гилс и Херера кои остварија 13 поени.
Во ново формираниот ФИБА Европски куп, прва победа за македонскиот кошаркарски клуб.
Куманово успеа пред полна сала со резултат 88:78 (26:23, 23:6, 17:22, 22:27) да го совлада тимот на КТП Котка Баскет.
На табелата во Ј групата од ФИБА купот води Турк Телеком со четири бодови, втора е полската екипа, со три поени колку што има КК Куманово кој се наоѓа на третото место, додека со два поени последени на листата се играчите на КТП.
Следниот меч од од ФИБА Евро купот Куманово ќе го игра на гости на 11-ти ноември, кога за противник ќе го има Роса Радом во Полска.
За повеќе видео материјали од натпреварот кликнете тука.