КК Куманово одлучи: Во недела играме на домашен терен против МЗТ

Сподели со своите пријатели

И покрај одлуката на Арбитражната комисија и постапката која што ќе тече во меѓувреме,  Управниот Одбор на КК Куманово рано утринава го потврди своето учество во кошаркарската Супер – лига.

Loading...

Со донесената одлука, ќе се разреши и целата драма околу натпреварувањата кои настанаа со пререгистрирање на КК Карпош Соколи во акционерско друштво. Натпреварувањата во Супер – лига ќе продолжи со шест екипи.

Како што потврди Младен Давидовиќ од Управниот Одбор на КК Куманово, првиот закажан меч ќе биде со МЗТ во недела, со тоа што за време на викендот, освен КК Куманово, на терен ќе се сретнат и  Кожув – Работнички и Карпош Соколи – Фени индустри.

Кога ќе се одиграат претходно испуштените натпревари помеѓу КК Куманово и Карпош Соколи, како и помеѓу Куманово – Кожув и Работнички – Карпош соколи) ќе се одлучува накнадно.

Натпреварот со КК МЗТ започнува во недела во 19 часот, во Спортската сала во Куманово.

КК Куманово ги повикува сите свои фанови и поддржувачи масовно да се појават на терените во Спортската сала.

Leave a Reply