КК Куманово не успеа да се избори за полуфинале по драма натпревар со МЗТ

Сподели со своите пријатели

Драматична беше борбата за полуфинале во плеј оф завршницата од домашниот кошаркарски шампионат, која денеска ја доби МЗТ Скопје со 94:93 во продолжението од натпвераот, кој регуларно заврши со нерешен скор. Со тоа Куманово се збогува со полуфиналето.

Loading...

Во првата чевртина Куманово  прикажа подобра игра од домаќинот на оваа средба што го покажа и семафорот по истекот на првите десет минути игра, односно резултат 15:19 за избраниците на Игор Ѓорѓиевски.

Вториот дел од сребата започна вистинската драма на овој натпревар. Се играше кош за кош меѓу двете екипи, се додека пред истекот на втората четвртина не дојде до конфронтирање меѓу Александар Андрејевиќ од Куманово и Дамјан Стојановски од МЗТ Скопје Аеродром.

Во битка за мртва топка Андрејевиќ го турна Стојановски, а на терен влетаа Мекиќ и Николов од МЗТ, по што судиската тројка изрече исклучувања за сите тројца. На полувреме сепак се замина со 39:41 за кумановци.

Третата чртвртина беше пеколна. Се играше од кош за кош, а водството постојано се менуваше, за кош-два разлика. Јован Црниќ беше „виновникот“ што тимот на Куманово излезе подобар од овој дел од средбата, поради неговите маестрални тројки. Со 62:63 заврши овој дел од средбата и во финалната четвртина се влезе со уште поголема неизвесност.

На стартот на последните десет минути Куманово повторно поведе со неколку поени разлика, но МЗТ брзо се потрди да ја намали негативата на само еден поен. На пет и пол минути до крајот дојде до повторно израмнување од 69:69, но веднаш Црниќ со шут за три го втурна МЗТ повторно во негатива.

По петата лична грешка на Магдевски од Аеродром, Ливингстон шутираше две слободни и водството на Куманово дополнително порасна за резултат 74:69. Со шут за три Јован Црниќ го доведе својот клуб до позитива од осум плус на четири минути од крајот.

На три минути од крајот Куманово водеше со десет поени предност, нешто што на осум го намалија две слободни фрлања од МЗТ, но Робев веднаш врати со шут и разликата повторно стана двоцифрена.

Loading...

Драмата траеше и во последните две минути од средбата, во кои кумановци влегоа со пет коша разлика. На 54 секунди до крајот МЗТ ја намали разликата на два поени за Куманово. На 12 секунди пред крајот домаќинот шутираше две слободни по лична грешка на Ѓекиќ по што резултатот беше израмнет на 81:81.

Со 81:81 заврши натпреварот, по што следуваше продолжение.

На стартот на продолжетокот Куманово прими два удари за три поени, со што МЗТ поведе со шест поени разлика, Ливингстон врати со два шута, па МЗТ со двојка и резултатот беше 89:85 за домаќинот.

На два и пол минути од крајот на продолжението, МЗТ не ја искористи шансата за две слободни.  На педесет секунди пред крајот МЗТ водеше со со 94:87.

Мечот заврши со конечни 94:93.

Најефикасен во составот на Куманово на овој меч беше Јован Црниќ со 24 поени. Двоцифрени поени впишаа и Робев, Ливингстон и Ѓекиќ.

Со оваа победа МЗТ оди во полуфинале, кога во Битола ќе ги одмери силите со силниот Пелистер за борба за место во финалето.

Никола Ивановски

Loading...

Leave a Reply