КК Куманово конечно на дуел со Карпош Соколи

Сподели со своите пријатели

Како што информира Македонската кошаркарска федерација, заостанатиот натпревар од првото коло од Супер лигата со екипата на КК.Карпош Соколи,  ќе се одигра во четврток од 19:00ч на гостински терен.

Loading...

Натпреварот помеѓу КК Карпош Соколи и КК Куманово ќе биде со директен пренос на МРТ.

Инаку, по саботниот инцидент на мечот на КК Кожув со Работнички, сега и „Соколите“ поради присуство на неслужбени лица ќе треба да платат 10.000 денари, како и дополнителни 13.000 денари за неспортско навивање, неисправен технички уред и недостаток на заштитна ограда по инцидентот на мечот со Фени Индустри.

Капитенот на Соколите, Ангел Тасевски кој е обвинет за недолично однесување,  нема да игра во 4. коло против МЗТ Скопје на противнички терен.

 

 

Leave a Reply