Како што информира Македонската кошаркарска федерација, заостанатиот натпревар од првото коло од Супер лигата со екипата на КК.Карпош Соколи, ќе се одигра во четврток од 19:00ч на гостински терен.
Натпреварот помеѓу КК Карпош Соколи и КК Куманово ќе биде со директен пренос на МРТ.
Инаку, по саботниот инцидент на мечот на КК Кожув со Работнички, сега и „Соколите“ поради присуство на неслужбени лица ќе треба да платат 10.000 денари, како и дополнителни 13.000 денари за неспортско навивање, неисправен технички уред и недостаток на заштитна ограда по инцидентот на мечот со Фени Индустри.
Капитенот на Соколите, Ангел Тасевски кој е обвинет за недолично однесување, нема да игра во 4. коло против МЗТ Скопје на противнички терен.