КК Куманово го пречекува Борец Баскет

Сподели со своите пријатели

Кошаркарите на Куманово 2009 утре со почеток од 18:00 часот на домашен терен го пречекуваат составот на Борец Баскет од Велес.

Loading...

Станува збор за натпревар од седмото коло на Втората кошаркарска лига на Македонија.

Кумановци ќе се обидат да дојдат до прва победа сезонава, откако од досега одиграните шест наптревари тоа не им тргна од рака.

Мечот се игра во спортската сала на СОУ „Перо Наков“.

Никола Ивановски