КК Куманово: Ги прегледавме снимките – победата ни е украдена

Сподели со своите пријатели

Управата на КК Куманово по вчерашниот натпревар со МЗТ Скопје, излезе со писмено соопштение до јавноста, во кое даваат свое видување на завршетокот на вториот финален натпревар и признаените нерегуларни поени на Симоновски по крајот на регуларниот дел од натпреварот.

Loading...

Соопштението од КК Куманово ви го пренесуваме во целост:

Кошаркарскиот клуб Куманово на почетокот на ова соопштение до средствата за јавно информирање како и до целокупната спортска јавност во Куманово и Република Македонија, би сакал да се заблагодари на сите свои верни навивачи како и до сите подржувачи на клубот и на кошаркарскиот спорт за несебичната подршка во текот на целата сезона како и да изрази жалење за прераната трагична смрт на еден од навивачите од навивачката група КУМАНИ кои во целиот изминат повеќегодишен период даваа и се уште даваат безрезервна подршка.

Воедно, накратко би сакале да се осврнеме и на досега одиграните два натпревари од финалната серија во Македонската кошаркарска лига помеѓу екипите на КК Куманово и КК МЗТ Скопје Аеродром.

Имено, тргнувајки од првиот натпревар, не можеме а да не констатираме дека судењето на натпреварот во Скопје беше под секое ниво на еден натпревар од финале на Кошаркарската Супер – Лига, и не можеме а да не се оттргнеме од впечатокот дека КК Куманово како и во неколку претходни сезони повторно беше жртва на пристрасно судење против нашиот клуб што за жал веќе фрли лоша слика за самата финална серија на целото првенство.

Сметаме дека КК МЗТ Скопје Аеродром е етаблирана екипа на овие простори, учесник во АБА Лигата и дека поддршка и помош од судиите на вакви натпревари воопшто не им е потребна, напротив, само создава слика за наводна непобедливост на овој тим.

Меѓутоа, кога е во прашање вчерашниот натпревар одигран во Куманово пред повеќе од 5000 подржувачи на кошарката, можеме да констатираме дека на КК Куманово најчесната и најчистата победа против актуелниот шампион му беше буквално “украдена” бидејки од сите снимки прегледани досега јасно и недвосмислено се гледа дека времето за игра по изведувањето на последното слободно фрлање во регуларниот дел од натпреварот е изминато и последните поени постигнати од КК МЗТ Скопје Аеродром се апсолутно неправилно признаени како директна последица на сите грешки направени почнувајќи од човекот задолжен за мерење на времето, преку делегатот и судиите кои немаа храброст и доблест да признаат дека е поминато времето за игра од 2,4 секунди, факт на кој се повикуваат и најголем дел од спортските медиуми во државата како и целокупната македонска кошаркарска јавност.


Leave a Reply