Кошаркарскиот Клуб Куманово, на претстојните натпревари во рамките на ФИБА Еврокупот, според распоредот, ќе биде дел од групата Ј во која кумановчани ги очекуваат пресметки со познати кошаркарски ривали.
Турскиот Турк Телеком Анкара е носител на групата, во која покрај овој состав, Куманово за противник ќе го има уште и полскиот Роса Радом, како и финскиот претставник КТП Баскет.
Инаку, во рамките на ФИБА ќе се натпреваруваат педесет и шест клубови од цела Европа.
Тимовите географски ќе бидат распоредени во две конференции, при што исто така се зема во предвид бројот на учеството на екипи од секоја нација. Секоја конференција ќе се состои од седум групи од по четири клубови.
Ждрепката за натпреварите ќе се одржи во Фрајзинг, Германија, на 4-ти август во 01:00 (CET), а може да се следи во живо на fibaeurope.com
Македонскиот вицешампион во првото коло на 28 октомври, ќе го игра и најтешкиот дуел, на гостински терен против Турк Телеком Анкара. Првиот домашен меч е закажан за 4 ноември, кога во Куманово ќе допатува финскиот претставник КТП Баскет.