Како што информират од општина Куманово, во понеделник /5 октомври/ ќе се врши дератизација против глувци на територија на Општина Куманово.
Loading...
Третманот ќе се изврши со поставување на мамци во отворите од шахтите на постоечката канализациона мрежа, а ќе бидат опфатени и отворите што служат за собирање на атмосферската вода.
Препаратот што ќе се користи спаѓа во група на антикоагуланти и ќе биде во облик на парафински блок.
Се предупредуваат граѓаните да не се движат во близина на поставените мамци , а во случај на наоѓање на родентицидот на отворено, да не го допираат.
Ако дозволат временските услови, дератизацијата ќе трае и во наредните два дена.