Игралиштата во кумановската населба Гоце Делчев кај локацијата позната како „Кошеви“ ќе бидат реконструирани наскоро.
Како што информираше градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски, тендерската постапка е завршена, а покрај овие игралишта, ќе бидат реконструирани и спортски терени на неколку други локации во градот.
– Заврши тендерската постапка за реконструкција на спортските терени во населбата Гоце Делчев, „Кошеви“, каде комплетно ќе бидат реконструирани двете спортски игралишта, едното за ракомет, другото за кошарка. Втората локација е во селото Долно Којнаре, каде исто така ќе биде реконструиран на подлогата на оваа игралиште и третата локација е во ООУ „Вук Караџиќ“ и „Наим Фрашери“ каде што ќе биде изградено комплетно едно вакво игралиште, изјави градоначалникот Димитриевски.
Инаку во изминатиот период општината обнови неколку спортски терени за потребите на училишниот и „маалски“ спорт.
Терени за кошарка и ракомет со тартан подлога добија три средни училишта во градот.
Никола Ивановски