Ќе се чисти речното корито на реката Кумановка

Сподели со своите пријатели

Како што изјави денес градоначалникот на Општина Куманово, Зоран Дамјановски од 20ти минатиот месец е распишан тендер вреден 40.000 евра за чистење на речните корита во Куманово.

Loading...

Проектот ќе опрфаќа чистење на речното корито на реката Кумановка во должина од 3 километри започнувајќи во с. Проевце. Чистењето ќе започне кон крајот на овој месец и ќе трае до крајот на септември.

Ваквата одлука следува како реакција на големата количина отпаден материјал во речните корита во градот, каде несовесните граѓани фрлаат различни отпадоци и ја загадуваат реката, зголемувајќи ја опасноста од нејзино излевање при обилни врнежи од дожд.

Градоначалникот апелира граѓаните да бидат подисциплинирани во однос на фрлањето смет во речните корита и истиот да го фрлаат во контејнерите низ градот. Тој додава дека со овој проект ќе се спречат можни природни катастрофи како онаа што се случи во Тетово кога по обилните врнежи од дожд се излеја реката Пена и направи вистинска катастрофа.