Кишида: Денешна Украина утре би можела да биде Источна Азија

Сподели со своите пријатели

Јапонскиот премиер Фумио Кишида денеска изјави за Ројтерс дека продлабочувањето на воената соработка меѓу Москва и Пјонгјанг укажува на потребата Токио да ги зајакне врските со НАТО.

Loading...

Евроатлантската и индо-пацифичката безбедност се неразделни, за што сведочат руската агресија врз Украина и продлабочената воена соработка на Москва со Северна Кореја, изјави Кишида.

Според него, светот не треба да ги толерира обидите на некои земји да го нарушат воспоставениот меѓународен поредок.

Денешна Украина утре може да биде Источна Азија, рече Кишида.

Тој повика на соработка во спротивставувањето на новите безбедносни закани кои не признаваат граници, како што се сајбер нападите и конфликтите во вселената.

Јапонија заедно со Јужна Кореја, Австралија и Нов Зеланд ќе учествува на тридневниот самит на НАТО во Вашингтон, кој почнува денеска.