Кирби: Украина не би можела да ги погоди воените бази во Русија со ракети АТАКМС

Сподели со своите пријатели

Портпаролот на Белата куќа за национална безбедност Џон Кирби денеска ги демантираше наводите дека Украина со помош на ракетите ATACMS може да уништи руски воени авиони кои се користат во нападите на украинска територија, а се наоѓаат во бази на територијата на Русија.

Loading...

„Мислам дека е важно да се забележи дека 90 отсто од авионите што Русија ги користи за летни бомби и удари со долг дострел лежат надвор од (областа од) 300 километри од украинската граница, длабоко во руска територија“, рече тој на брифингот, јави Танјуг.

Кирби појасни дека мислењето дека украинските сили би можеле да погодат оддалечени руски бази со помош на ракетите ATACMS е „погрешно“, пренесува Voice of America.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Бајден и Стармер ја одложија одлуката дали да ѝ се дозволи на Украина да користи ракети со долг дострел

Тој, исто така, истакна дека САД не ја промениле својата одлука да не му дозволат на Киев да користи американско оружје за далечни напади на руска територија, додавајќи дека Вашингтон продолжува да работи на зајакнување на одбраната на украинскиот воздушен простор.

Портпаролот оцени дека одбранбената способност на Украина е клучна за зачувување на енергетската инфраструктура во зимските месеци.