Кипар ќе ја забрани употребата на мобилни телефони во училиштата

Сподели со своите пријатели

Кипар ќе ја забрани употребата на мобилни телефони во училиштата, најави министерката за образование Атина Михаилиду, велејќи дека овие уреди прекумерно го одвлекуваат вниманието на учениците и често доведуваат до антисоцијално однесување.

Властите планираат да ја воведат забраната откако ќе заврши дискусијата со парламентот, рече Михаилиду.

Кипар ќе следи неколку европски земји во донесувањето забрана во согласност со препораките на УНЕСКО, пренесува Ројтерс.

Повеќе од 1,4 милиони уреди се во функција

„Јасно е дека употребата на мобилни телефони ги одвлекува вниманието на учениците од часовите, но тоа првенствено е поврзано со зголемување на асоцијалното однесување“, додаде таа.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Екстремното време во летото 2025 година ја чинеше Европа 43 милијарди евра

На учениците нема да им се забранува да носат телефони на училиште, но ќе мора да ги исклучуваат за време на наставата, објасни министерот.

Официјалните податоци покажуваат дека на Кипар работат нешто повеќе од 1,4 милиони мобилни телефони, што е повеќе од населението на оваа земја, каде што помалку од милион луѓе живеат во области под контрола на владата, пренесува Хина.