Кинескиот министер за одбрана во посети на Русија и Белорусија

Сподели со своите пријатели

Кинескиот министер за одбрана Ли Шангфу денеска ја започна шестдневната посета на Русија и Белорусија, за време на која ќе се обрати на Московската конференција за меѓународна безбедност и ќе се сретне со лидерите на одбраната од Русија и други земји, соопшти Министерството за одбрана.

Loading...

Пристигнувањето на Ли Шангфу во Москва ја потврдува желбата на Кина и Русија да ја координираат својата надворешна политика во обид да го поткопа либерално-демократскиот светски поредок предводен од Западот.

Министерот Ли ќе го посети и рускиот сојузник Белорусија и ќе оствари состаноци и разговори со државните и воените лидери на земјата и обиколки на воените објекти, соопшти Министерството.

Кина тврди дека е неутрална во војната меѓу Русија и Украина и постојано повторува дека нема да испраќа оружје на ниту една страна во војната, но ги обвини САД и нивните сојузници дека ја провоцираат Русија.

Пекинг одржува блиски економски, дипломатски и трговски односи со Москва.

Ли ја посети Русија минатиот месец за да ги потврди добрите воени односи во првите формални воени разговори меѓу двете земји по крајот на краткотрајниот бунт на руската платеничка група Вагнер.

Минатиот месец два брода на руската морнарица впловија во Кина и учествуваа во заедничка вежба.

За разлика од неговите блиски врски со Русија, Ли избегна каков било контакт со неговиот американски колега Лојд Остин, одбивајќи да се сретне со него на неодамнешниот форум во Сингапур и да одговори на неговиот телефонски повик по соборувањето на наводниот кинески шпионски балон во февруари оваа година.

Loading...