Кинескиот министер за одбрана ќе ја посети Русија

Сподели со своите пријатели

Кинескиот министер за одбрана Ли Шангфу од 16 до 19 април ќе престојува во официјална посета на Русија, изјави денеска портпаролот на кинеското Министерство за одбрана Тан Кефеи.

Loading...

Тој рече дека Ли ќе ја посети Русија на покана на рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу, пренесува РИА Новости повикувајќи се на официјалниот профил WeChat на кинеското Министерство за одбрана.

Се додава дека за време на посетата на Руската Федерација, Ли Шангфу ќе разговара со раководството на руската армија и ќе ги посети руските воени образовни институции.