Кина задоволна од разговорите Вашингтон – Москва за Украина

Сподели со своите пријатели

Кина денеска соопшти дека е задоволна што Вашингтон и Москва ги „зајакнуваат комуникациите“ откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека сака да се сретне со неговиот руски колега Владимир Путин за мировните преговори за Украина.

Loading...

По три години војна, шефот на Белата куќа рече дека се договорил со Путин „веднаш“ да започнат преговори за Украина и вети лична средба со него.

Путин му рекол на Трамп дека сака да постигне „долгорочно решение“ за конфликтот во Украина преку „мировни преговори“, се вели во извештајот на Кремљ за телефонскиот разговор меѓу двајцата лидери кој траел речиси час и половина.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп ги исфрла Зеленски и Европа од преговорите?

„Русија и САД се две важни и влијателни земји“, рече портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Гуо Џиакун на денешната редовна прес-конференција.

Тој додаде дека Кина е „задоволна што гледа како Русија и САД ги зајакнуваат комуникациите и водат дијалог за низа меѓународни прашања“.

„Кина ги поддржува сите напори за мирно решавање на кризата и ќе продолжи да ја одржува комуникацијата со сите вклучени страни и да игра конструктивна улога во промовирањето политичко решение за кризата“, рече портпаролот, мислејќи на приближувањето меѓу Вашингтон и Москва.

Кога станува збор за руско-украинскиот конфликт, Кина редовно повикува на мировни преговори и почитување на територијалниот интегритет на сите земји, вклучувајќи ја и Украина.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп нареди реструктуирање на американската надворешна служба во согласност со неговата агенда

Сепак, таа никогаш не ја осуди Русија за инвазијата што започна во февруари 2022 година.

Loading...

Економските, дипломатските и воените односи меѓу Пекинг и Москва, кои беа силни пред конфликтот, дополнително се зајакнаа од почетокот на руско-украинскиот конфликт.