Кинеските власти уапсија пет лица под сомнение дека го прикриле бројот на жртвите во поплавата на градилиште во провинцијата Сечуан, објавија денеска државните медиуми во Кина.
Loading...
Приведени се пет лица вклучени во градежниот проект, јавува Ројтерс.
По истрагата, претставници на локалната власт објавија дека четири лица загинале, 48 се водат за исчезнати, а 149 се спасени во поплавата во округот Јинјанг на 21 август, објавија државните медиуми.
Првично властите во Џинјанг соопштија дека 79 лица се спасени, а шест лица се водат како исчезнати, пренесува Танјуг.
Регионите ширум Кина претрпеа неколку недели обилни дождови кои предизвикаа смртни случаи, големи поплави и лизгање на земјиштето, според Ројтерс.