Кина спроведува воени вежби во Тајванскиот теснец

Сподели со своите пријатели

Кина денеска објави дека спроведува воени вежби во Тајванскиот теснец, откако претходно ја предупреди претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, да се откаже од плановите да го посети Тајван, кој Пекинг го смета за своја територија.

Loading...

Партиското раководство на Кинеската Народноослободителна армија потврди дека „вежби за гаѓање“ ќе бидат спроведени меѓу 8 и 21 часот во близина на островот Пингтан во провинцијата Фуџијан, објави официјалната новинска агенција Ксинхуа, а Управата за поморска безбедност ги предупреди бродовите да ја избегнуваат областа.

Ваквите вежби обично вклучуваат учество на артилерија, но во соопштението не се посочува дали на денешната вежба ќе учествуваат ракетни единици, воздухопловни сили и друго оружје.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мерц ја отфрли соработката на ЦДУ со екстремната десница АфД